Имаме искуство со развој на веб страни по нарачка и CMS системи по нарачка но одбравне да го користиме WordPress за CMS систем за дизајн и изработка на веб страни бидејќи е најкористен, стабилен и со најмногу подршка.

WordPress е бесплатен систем со отворен код за менаџирање на содржина, базиран е на PHP и MySql. Се состои од плагин архитектура и систем за темплејти. Најчесто се користи за блогови, но подржува и други типови на веб содржина вклучувајќи и по традиционални веб страни за фирми, галерии и интернет продавници.

WordPress веб страните може да бидат збогатени преку користење на плагини. тие можат да бидат за контакт форми, интернет продажба, SEO, галерии, Аналитики итн. Ние сме секогаш во тек со најновите и најдобрите плагини на пазарот. Нудиме професионален совет на нашите клиенти за да ги искористат најдобри плагини за да добиат најдобри перформанси и зголемен сообраќај на нивната веб страна.

Нашиот тим го започнува процесот со собирање на сите побарувања на клиентот, потоа се одбира соодветна тема и плагини за дизајнирање на новата веб страна, за време на изработката клиентот е консултиран за насоката на проектот и за верификација дека го добива тоа што го посакува се додека не добиеме целосно задоволство од клиентот. Откако веб страната е одобрена од страна на клиентот се поставува на продукциска околина, со веб страната следува 3 месеци целосна гаранција, за тоа време поправаме секакви проблеми кои што може да произлезат без разлика дали потекнуваат од плагин, темата или пак од подесувањата. Дополнително нудиме различни варијанти за подршка за корисници кои сакаат постојано да прават промени и поправки на нивните веб страни.

Испратете ни повеќе информации за вашата веб страна и ние ќе ве контактираме со естимарана цена.